Закажан втор концерт на Петар Грашо во Скопје

Петар Грашо го распродаде првиот и ќе одржи втор концерт во „Македонска филхармонија“.

Вториот концерт е закажан за 27. април од 21 часот. Првиот концерт на Грашо е ден претходно, односно на 26-ти април.

Пејачот заедно со симфонискиoт оркестар на сцената во Филхармонија, ќе ги испее своите најголеми хитови и хитовите на Оливер Драгојевиќ.

„Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која веќе 25 години не може да се измери, но затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат“, велат организаторите на концертот.

Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, можат уште веднаш да си купат влезница за вториот. Истото можат да го направат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

Scroll to Top