Законската жена и Ана Бекута се простија од Милутин Мркоњиќ

Драгана Даша Мркоњиќ, законската сопруга на пратеникот и почесен претседател на СПС, Милутин Мркоњиќ, дојде со црвена роза на гробиштата во Белград каде што му оддаде последна почит на својот сопруг.  Таа беше цела во црно, а за рака ја држеше маж кој не се одвојуваше од неа.

Даша се сретна и со пејачката Ана Бекута, со која нејзиниот сопруг помина десет години во љубовна врска. И двете заедно беа на последното испраќање иако Драгана не дојде на комеморацијата.

 

Драгана во последните години живее во хотел во Белград, а Милутин често ја посетувал и ѝ помагал. Тие беа во одлични односи и по разделбата по триесет години брак, но официјално никогаш не се разведоа.

Scroll to Top