Српскиот пејач Аца Лукас ја откажа турнеја во Австралија, откако му ја укинале визата која регулрано ја добил на 28 мај. Пејачот излажал во пријавата дека не бил претходно осудуван, пишуваат српските медиуми.
Лукас за недоразбирањето дознал на 25 сепмтеври, само пет дена пред почетокот на концертите. Од неговиот тим велат дека морале да го откажат летот за Сиднеј. Од таму објаснуваат дека станало збор за недоразбирање.
Лукас не знае добро англиски, па на прашњето дали е осудуван, одговорил негативно, затоа што мислел дека се однесува на сегашниот период, а не во минатото. Против него во моментов не се води никаква кривична постапка, велат од неговиот тим.
„Лукас не зборува перфектно англиски, па затоа настана проблем. Тој одговорил негативно, затоа што против него во моментов не се води ниту една кривична постапка, а познато е дека бил кривично осудуван на 10 месеци условна казна, кога призна дека е виновен за семејно насилство“, вели изворот.
Од неговиот менаџмент велат дека не им е јасно како властите му ја одобриле визата на 28 мај, а на само пет дена пред турнејата му ја укинале. Ќе се обидат да направат сè што е во нивна моќ да се укине одлуката за поништување на визата и да му се дозволи на пејачот влез во Австралија.
„Луѓето во Австралија го сакаат и Лукас беше среќен затоа што картите беа распродадени во рекорден рок. Ќе ги испочитуваме барањата на амбасадата, но истовремено ќе работиме на решавање на оваа бирократска ситуација“, порачуваат од тимот на Лукас.
„Сè беше подготвено за турнејата во Австралија. Сите карти беа распродадени. Авионските билети беа резервирани, хотелите чекирани. Сè беше организирано на највисоко ниво. Турнејата требаше да почне и заврши во Сиднеј. Беше предвиден и настап во Мелбурн, во палатата Кенсингтон“, открива извор близок до фолк-пејачот.
Српските медиуми пишуваат дека пејачот би можел да изгуби 100.000 евра поради откажаната турнеја.