Заради Тончи Хулиќ, Оливер наместо Здравко ја испеа „Шта то беше љубав“

Хрватскиот музичар Тончи Хулиќ пред концертот со Загребската филхармонија откри дека заради него Оливер Драгојевиќ ја испеал песната „Шта то беше љубав“, иако таа била напишана за Здравко Чолиќ. Тој ова го раскажа 31 година откако хрватската легенда ја испеа песната.

„За Оливер сум напишал три песни и сите тие биле песни што му ја одбележале кариерата. Зденко Рујниќ, мојот најблизок соработник и татко во музичка смисла, пред повеќе од 30 години ме праша дали имам песна за Оливер. Тој во 1988 година стана директор на Сплитскиот фестивал и му требаше песна токму за Оливер. Не му беше пријатно како директор да ја напише тој самиот. Од Марина Туцаковиќ и од нејзиниот сопруг Фута јас самиот лично ја земав ‘Шта то беше љубав’, иако ми рекоа дека ја напишале за Здравко. Ја слушнав, им реков дека мора да му ја пуштам на Зденко и така таа песна заврши во рацете на Оливер“, открил Хулиќ.

Песната „Шта то беше љубав“ за многумина и денес е еден од најголемите хитови на Оливер Драгојевиќ.

Scroll to Top