Заради вонбрачниот син, судот му нареди на Мирослав Илиќ да направи ДНК тест

Американскиот лекар Девин Антоновиќ повеќе од две години се обидува да докаже дека е вонбрачен син на фолк-пејачот Мирослав Илиќ. Иако адвокатите на пејачот се обидуваа да го отфрлат барањето на Девин за ДНК тест, судот во Белград донесе одлука дека Илиќ мора да направи тест за докажување на татковството.

Српските медиумите одамна пишуваат дека Илиќ има вонбрачен син со Мирјана Антоновиќ, но пејачот и понатаму тврди дека никогаш немал секс со неа и дека нема вонбрачно дете. Мирјана, пак, напиша автобиографија „Ова малку вистина“, во која стои дека имала љубовна врска со српскиот фолк-пејач и дека тој е татко на нејзиниот син.

Мирјана Антоновиќ

„Започнува главниот претрес. Мирослав слушаше злобни и лоши советници, со кои се чини дека е опколен. Тој требаше да биде фер и да го направи она што е право и пред Бога и пред луѓето. Сето ова можеше да се избегне само со една средба, со еден разговор. Човек не може да создаде суштество, а потоа да се прави луд! Постојат некои морални принципи во животот, а тој очигледно смета дека е исклучок. Очекуваме Вишиот суд во Белград да ја заврши својата работа и дека правдата ќе победи“, изјавила за „Ало“ Мирјана и додала дека човек во години треба сосема поинаку да се однесува, особено ако е јавна личност.

Scroll to Top