Филмската ѕвезда Жан Клод Ван Дам својот 59. роденден го прослави во Виена, на гости кај фолк-пејачката Драгана Мирковиќ. Драгана и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бјелиќ, се добри пријатели со филмската ѕвезда, па тие се воодушевиле кога Ван Дам им рекол дека сака да го прослави роденденот во нивниот дом, пишуваат српските медиуми. На роденденот Драгана и Тони го однеле познатиот глумец во дворецот „Ебенфурт“ што го купиле неодамна, а кој е во завршна фаза на реконструкција. Оттаму заминале на вечера во луксузен ресторан.
Во текот на роденденот Ван Дам на „Фејсбук“ откри дека е во Австрија и на своите фанови им откри дека ќе се вклучи во живо од прославата, заедно со пејачката.
„Бевме воодушевени кога Џеј Си, како што сака да го викаат, се јави и откри дека има желба својот роденден да го прослави со нас. Иако претходните денови ги поминав дома настината, одлучив дека ништо нема да ме спречи да му направам убаво изненадување. По негова желба немаше големо друштво, туку само моето и неговото семејство и навистина беше ден за паметење“, рекла Драгана.
За потсетување, лани Жан Клод Ван Дам од сите честитки што ги доби, го сподели само видеото на кое Мирковиќ му честита роденден. Исто така, кога Драгана неодамна ја издаде својата нова песна „Замена“, актерот ја сподели на својот „Фејсбук“.
Драгана Мирковиќ му честита роденден на Жан Клод Ван Дам, тој го објави видеото на „Фејсбук“