Жарко и Вук се финалистите на натпреварот во лежење во Црна Гора: Ако треба ќе останеме и до Нова година

Од вкупно девет, останаа само двајца кандидати како дел од натпреварот за најдолго лежење кој по 11-ти пат се организира во Црна Гора.

Жарко Пејановиќ и Вук Кољеншиќ се двајцата преостанати кандидати за наградата од 350 евра.

Двајцата раскажуваат дека им е удобно под дебелата сенка и дека таму може и да ја дочекаат Новата година.

На кандидатите дозволено им е да јадат и пијат, да читаат книги, да користат лаптоп и телефон, односно сè освен да стануваат. Од минатата година правилата се променети, така што натпреварувачите, кои лежат под крошната на стогодишниот јавор, имаат можност да одат во тоалет на секои осум часа.

Покрај 350 евра, победникот ќе добие и рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и многу други награди од спонзорите.

Scroll to Top