Жарко Лаушевиќ итно хоспитализиран

Актерот Жарко Лаушевиќ итно е хоспитализиран. Тој беше примен пред неколку дена во КБЦ „Бежанијска коса“.

Влошената здравствена состојба на актерот од пред неколку месеци кулминираше во последните неколку дена, па тој итно е хоспитализиран, а во моментов е на дополнителни прегледи.

Извор близок до актерот изјавил дека без оглед на ситуацијата, Лаушевиќ не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ во текот на летото на која работел во Аранѓеловац.

Во текот на викендот итно му биле извршени крвни тестови, а соодветно ќе биде утврден понатамошниот тек на лекување.

Scroll to Top