Жељко Јоксимовиќ на „Охридско лето“, негативни реакции и револт поради неговиот настап

Српскиот пејач и кантавтор  Жељко Јоксимовиќ на 7 август ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“ во Античкиот театар. Пиар-службата ја потврди веста за неговиот настап.

Јубилејното 60. издание требаше да почне на 12 јули, но поради пандемијата со коронавирусот, свеченото отворање е закажано за 4 август. Вчера на социјалните мрежи излезе документ со програмата на фестивалот, по што следуваа многу реакции за настапот на Јоксимовиќ. Особено  поради тоа што нашите пејачи перодов никаде не настапуваат, а организаторите,  пак, им  даваат предност на гостите од надвор место на домашните пејачи, коментираат на социјалните мрежи.

Изминативе години на „Охридско лето“ настапувале светски ѕвезди како Енио Мориконе, Џеси Норман, Хозе Карерас, Вадим Репин, Џулијан Рахлин, Стефан Миленковиќ и други.

Scroll to Top