Жељко Јоксимовиќ отвора три телевизии, Јована не сака да работи за него

Жељко Јоксимовиќ наесен ќе отвори три кабелски телевизии, пишуваат српските медиуми. Според нив, во телевизиите на пејачот ќе работат водителките Маја Николиќ и Наташа Миљковиќ, ама не и неговата сопруга Јована. Таа, заедно со нивниот кум Срѓан Предојевиќ ќе остане на Прва, бидејќи има договор што не сака да го раскине.

„Никој не знае од каде му е на Жељко идејата и желбата да се посвети на телевизија. Малку нè изненади бидејќи станува збор за сериозен проект, во кој треба да се вложат многу пари, но и време, што тој секако нема да може. Голем залак е одеднаш да отвори три телевизии, но како што слушав, веќе има ангажирано сериозни телевизиски лица, така што изгледа дека ова во моментов му е приоритет“, открил за „Курир“ извор близок до пејачот.

Според истиот извор, Јована, сопругата на Јоксимовиќ, нема да биде дел од неговата телевизија затоа што има договор со кој е задоволна и сака да остане во сегашната медиумска куќа. Засега е сигурно дека кај Жељко ќе работат Маја и Наташа, едни од најпопуларните новинарки во Србија.

„Тие дадоа отказ на Прва затоа што им се допадна понудата на Жељко. Сите очекуваа дека и Јована ќе го направи истото, но таа реши да го одработи до крај договорот“, додал изворот.

За потсетување, Јована речиси две години е водителка на утринската емисија на телевизија Прва, „Утро со Јована и Срѓан“, една од трите најгледани емисии во Србија според официјалните рејтинзи.

Scroll to Top