Жељко Јоксимовиќ: Ризикував со два кредита да отворам телевизија и го снимам филмот за Тома Здравковиќ

Пејачот Жељко Јоксимовиќ за српските медиуми вели дека морал да земе кредити за да може да отвори телевизија и да почне да го снимат филмот за Тома Здравковиќ. Тој вели дека снимањето на филмот и серијата за легендарниот пејач трае веќе една недела, но дека воопшто не жали за донесената одлука.

Филмот се снима во Валево, а Жељко првпат се најде во улога на продуцент. Тој откри дека е задоволен од работата на својот телевизиски канал и новата соработка што ја има со сопругата Јована.

„Телевизијата ми е поблиска од филмот. Не сметам дека станува збор за скапа играчка иако морав да подигнам два сериозни кредита, нешто што е незгодно да се прави во ова време. Но, не се жалам. Верував во ова што го почнав“, вели Јоксимовиќ.

За Јована, Жељко вели дека таа е дел од пиар-тимот и дека покрај неа тој се чувствува посмирено.

„Со Јована покрај мене секогаш се чувствувам подобро. Кога се концертите во прашање, таа повеќе се потресува од мене“, вели Жељко објаснувајќи ја новата соработка со сопругата.

Јоксимовиќ вели дека филмот се снима во Валево не затоа што тоа е неговиот роден град туку дека екипата смета оти тоа место потсетува според архитектурата на раните шеесетти години.

Scroll to Top