Жељко и Јована бараат дадилки со медицинско училиште

Жељко и Јована Јоксимовиќ бараат дадилки за ќерките близначки, со кои неодамна се породи Јована. За синото Коста веќе имаат една, но за Ана и Срна двојката бара по една дадилка посебно за секое бебе. „Јована никако не може да постигне сѐ сама, уште ја боли и раната од царскиот рез. Ѝ помагаат Жељко и мајка ѝ, но сепак потребни се дадилки. Тие мора да имаат искуство, завршено медицинско високо училиште, акушерска насока и да имаат барем неколку врвни препораки“, велат блиски на двојката за условите што ги побарало семејството Јоксимовиќ.

Исто така, секоја од вработените треба да биде максимално посветена на бебето, а за почеток ќе треба и во текот на ноќта да бидат со бебињата, додаваат нивните блиски.

Scroll to Top