Жера и пријателите снимија песна за погодените од земјотресите во Хрватска

По силните земјотреси што ги погодија Петриња и околината пред Нова година, неколку хрватски музичари, предводени од Жера од „Црвена јабука“, ја снимија песната „Бановина у срцу“. Песната е направена за поддршка на луѓето од најпогодените подрачја кои се привремено иселени од своите домови, бидејќи во тој регион и понатаму има помали земјотреси.

Уредникот на хрватското католичко радио Славко Недиќ ја напиша музиката, а текстот е на Иво Чувало. Песната освен Жера, ја пеат и Марко Вукес, Златан Чехиќ-Чеха, Тони Јанковиќ, Младен Бурнаш и Владимир Кочиш-Зец.

„Идејата е да пееме за убави моменти, затоа што реалноста, за жал, е полоша од сѐ што можеме да очекуваме. Секој што поминал низ Бановина знае колку е убава и повторно ќе биде убава.Тоа е поентата на песната. Таа се роди од срце и навистина е инспиративна, бидејќи и ние во Загреб сè уште не закрепнавм од земјотресот“, вели Славко Недиќ.

Слична порака испрати и Жера, пејачот на „Црвена јабука“.

„Поминуваме и низ добро и во лошо заедно. Никој не е имун на трагедијата што се случи во Бановина и ние сме подготвени да помогнеме на кој било начин. Текстот е силен и емотивен, а јас секогаш нагласувам дека емоцијата ми е најважна во песните, па затоа решив да се вклучам во снимањето. Не смееме да изгубиме оптимизам и надеж“, рече Жера.

Scroll to Top