Жика Јакшиќ не дозволи гладна жена да земе остатоци од храна на масата

By

Познатиот водител и креатор на „Ѕвездите на Гранд“, Жика Јакшиќ, со својата поранешна сопруга Дајана Пауновиќ и нивниот син, седека во еден ресторан за брза храна, во трговски центар во Белград, на место каде што можат да се сретнат луѓе кои немаат доволно пари за живот, и кои ги собираат остатоците храна од другите луѓе кои ќе завршат со својот оброк.

Една несреќна жена која му се доближи до масата за да ја земе храната која ја остави Жика и неговото семејство, беше спречена од водителот

„Ти тоа нема да го јадеш“, и рекол тој на жената и веднаш се фатил за џебот и извадил пари кои и ги ставил во раката.

Но Жика чувствувал како да не направил доволно добро, па потоа ја однел во ресторан за брза храна, каде и рекол да нарача што сака на негова сметка.

Жика платил и потоа си заминал, а на заплаканата жена и се појавила насмевка на лицето.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне