Жика Јакшиќ позитивен на коронавирус

By

Првиот човек на „Ѕвездите на гранд“, Саша Поповиќ, потврди во емисијата, дека водителот Жика Јакшиќ има коронавирус. Саша објасни дека Жика не се појавил на снимањето на емисијата, затоа што е позитивен на Ковид-19.

Саша потврди дека Жика се однесувал максимално одговорно и дека прво сакал да ги почека резултатите од тестовите, па да се појави на музичкото натпреварување.

Српските медиуми пишуваат дека Жика не сакал да ја повтори грешката на пејачката Александра Пријовиќ, која не ги почекала резултатите од вториот побезбеден тест и настапила на сплав во Белград пред 450 луѓе.

Жика сакал да го почека и вториот тест, кој се смета дека е побезбеден. На крајот испаднал во право и тестот се покажал дека е позитивен на Ковид-19.

Жика Јакшиќ не дојде на снимање, се плаши да не ги зарази другите со корона

 

 

Ќе ви се допадне