Српската глумица Катарина Радивојевиќ, најпозната по улогата на Зона Замфирова, од неодамна е дел од српскиот конзулат во Њујорк, пишува весникот „Новости“. Таа потпишала договор на три месеци да биде надворешен соработник во дипломатското преставништво за работи врзани со културата.
Српската глумица која пред неколку години се пресели во Лос Анџелес не успеа да се пробие на американскиот филмски пазар. Американските медиуми пишуваа дека била во врска со глумецот Бенисио дел Торо и дека двојката од пред неколку месеци веќе не е заедно. Катарина и во Србија снима се помалку, а последната улога ја имаше во хит-серијата „Убијците на мојот татко“.