Зорица Брунцлик стана баба

Фолк-пејачката Зорица Брунцлик вчера стана баба. Нејзината ќерка Злата роди девојче што ќе се вика Милица. Веста за раѓањето на бебето ја откри сопругот на Злата, Милош Вујановиќ, кој некогаш учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Неколку дена пред породувањето Злата на „Инстаграм“ откри дека едвај чека да стане мајка.

„Велат дека чувството на движење во стомакот значи желба на бебето да ве прегрне. Никој не не гушка како тебе, а наскоро и ние нема да те испуштаме од прегратка“, напиша тогаш ќерката на Зорица.

Инаку, Злата Аранѓелковиќ е најмладата ќерка на Зорица. Таа и Милош се венчаа лани во декември.

Scroll to Top