На локалитетот „Три круши“ во Драчево викендов ќе се одржат три концерти во рамките на културното лето на општина Кисела Вода. Вечерва (четврток) концерт ќе одржи Александар Митевски, а по неговиот концерт диџеј сет ќе има диџеј Фичо.
В петок со својот бенд ќе настапи Дани Димитровска, а в сабота концерт ќе има фолк-пејачот Миле Кузмановски. Сите концерти почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.