Српскиот пејач Џенан Лончаревиќ ќе биде специјален гостин на концерот на Цеца Ражњатовиќ на концерот на 28 јули во Охрид, на стадионот „Билјанини извори”.
Цеца и Џенан ќе приредат повеќечасовен музички настап, а концерот ќе почне во 21 часот. Организаторите „Балкан медиа“ најавуваат вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава.
Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com , „Пола Југотон” и „Цвеќарница Розе” – Веро 2, по промотивна цена од 600 ден само до 16 јули.