Ерос Рамацоти на 30 септември, следната година, доаѓа во Скопје за да одржи концерт, соопшти Авалон продукција.
Концертот ќе биде во рамките на неговата светска турнеја „Vita ce n`e’“ , во 2019 и ќе ги опфати сите континенти и ќе се одржи во ВИП Арената. Во Скопје, доаѓа со комплетно своја продуцкија.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба онлајн само преку тикет системот на „Авалон Продукција“, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена наскоро.
„Концертот на Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе во предвид капацитетот на салата“, велат од Авалон.