Галичка свадба прогласена за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа

Светски познатото списание „Нешенл џиографик“ ја прогласија Галичката свадба за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.  Претходно и  магазинот „Њујорк тајмс“ одреди девет европски фестивали кои им ги препорачува на секој турист, а меѓу нив е и традиционалната Галичка свадба.

Галичката свадба е манифестација која се одржува секоја година на Петровден (12 јули) во селото Галичник. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, ечат зурлите и тапаните , се игра Тешкото, се оди по невестата која низ прстен го гледа младоженецот…..Пчалбарите во реканскиот крај на Македонија, секогаш ја најавуваале Галичката свадба.

Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галичнинк.

Scroll to Top