Давор Панчевски неодамна ја издаде својата прва книга наречена „Гответе насмеани“. Книгата ги содржи неговите омилени рецепти.
„На книгата работев година и половина со цел да направам една убава колекција од испробани рецепти и да ги спакувам во оваа книга насловена “Гответе насмеани”.Она што ме прави особено горд кај оваа книга е тоа што на местото издавач, автор, уредник, па дури и фотограф на 95% од фотографиите сум лично јас. “Гответе насмеани” не е класичен готвач бидејќи во него не само што ќе најдете брзи идеи за појадок, вкусни предлози за ручек или вечера и десерти, туку и предлог за тоа како да направите една трпеза за вашите најубави моменти во животот. Верувам ќе се изгубите во бурата од вкусни страници и ќе уживате во превкусни рецепти и одлични фотографии”, рече Давор за „Репортер“.
Давор е популарен на социјалните мрежи, а неговите следбеници го следат како Dave’s Kitchen.
(A.J)