Германската писателка Мануела Тома Адофо (50) го освои првото место на изборот Мис 50 плус Германија што се одржа вчера. Овој избор се одржува од 2012 година.
Тома Адобо, која е писателка на крими романи и живее во Минхен, е ќерка на Германка и доктор од Гана, а работи и како медиумски консултант. Во жирито составено од 12 членови бил и принцот Едуард од Анхалт и Сораја Колман, мис Германија за 2017 година.