Јоксимовиќ, Милица, Шабан и Џајковски на „Пиво фест“

Оваа година на сцената на шеснаесетиот Фестивал на пивото ќе настапат познатите балкански музички ѕвезди Жељко Јоксимовиќ, Милица Тодоровиќ, Шабан Шаулиќ, а настап ќе има и Кирил Џајковски.

Фестивалот ќе се одржи од 12 до 15 јули во Прилеп, а организатор на фестивалот и оваа година е Општината Прилеп.

Организаторот најави дека и оваа година очекува луда и незаборавна журка, исто како и во изминатите години кога на сцената свое шоу имаа Ина, Здравко Чолиќ, Северина, Александра Радовиќ, Харис Џиновиќ, Цеца, Јелена Розга, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Лепа Брена и многу други.

На штандовите поставени во центарот на градот пиво нудат големи производители и увозници на пиво, ама и мали приватни пивници.

Како и во изминатите години, се очекува и годинава фестивалот да го посетат над 400.000 луѓе во текот на четирите фестивалски денови.

 

Scroll to Top