Каролина во Антички театар во Охрид

Поп-ѕвездата Каролина Гочева и нејзиниот бенд ќе имаат двочасовен open air концерт во Охрид на 11 август во Античкиот театар.

На концертот Каролина ќе ги отпее сите песни од албумот „Извор“, кој го промовираше зимата, како и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре (4 јули) онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на Купи карти за сè низ цела Македонија и во „Југотон“ по следниве цени по цена од 500 и  800 денари. Организатори се „Авалон продукција“.

Scroll to Top