Од 12 до 15 јули Прилеп по 16. пат ќе се одржи фестивалот на пиво и скара „Пивофест 2018“. Годинава фестивалот ќе го организира агенцијата „Ентфинити“, а општината како поддршка на „Пивофест“ ќе потроши 2.5 милиони денари.
Организаторите најавија концерти на популарни музичари од Македонија и од соседството. Меѓу изведувачите годинава се и Кирил Џајковски, Дарио, Тони Зен, Дани, Некст Тајм, а како ѕвезди од соседството се најавени Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, Ван Гог, Црвена Јабука, Милица Тодоровиќ и други.