Наградата за најдобар дебитант ја доби актерскиот ансамбл од Македонија за филмот „Кога денот немаше име“, на доделување на наградите во Хрватскиот дом „Херцег Стјепан Кошача“ во Мостар на 11. Мостар филм фестивал . На фестиvалот беа прикажани 40 филмови од 25 земји. Награден е и филмот „Рајски апартман“ од меѓународниот програм фестивал „Between the Rivers“. Наградата за најдобра женска улога ја доби актерката Мирјана Карановиќ за филмот „Реквием за госпоѓа Ј“, додека Емир Хаџихафизбеговиќ е награден за најдобра машка улога во филмот „Жаба“.
Најдобра женска епизодна улога оствари актерката Хана Селимовиќ во филмот „Име: Добрица, Презиме: Непознато“, а најдобар епизоден актер е Иво Крешиќ за улогата во филмот „Мртви rиби“.