На „Лузер-фест“, натпреварувачкиот фестивал што се одржува во рамките на „Таксират“, годинава настапија шест домашни млади бенда и еден бенд од Косовска Митровица. Победници беа металците од „Конспираси“, кои имаа најмногу гласови од публиката и од жирито. Втор беше метал-бендот „Тригеред“ од Куманово, а трети беа рокерите од „Каин“.
„Пасворд продукција“, која е организатор на фестивалот, на победникот ќе му овозможи снимање деби-албум, а ќе се обиде да го промовира „Конспираси“ и надвор од Македонија, со учество на балкански или европски музички фестивали.
Целта на „Лузер-фест“ е да се открие нови млади бендови и да се промовира нивната музика.