Првото издание на фестивалот „Од ребро до рокенрол“ ќе се одржи вечерва и утре во МКЦ во Скопје. Фестивалот ќе се разликува од сите други музички настани што досега се одржале во Македонија затоа што на сцената ќе настапат исклучиво жени, музичарки од разни генерации. Најавен како „првиот планетарен сеженски фестивал“, на него ќе настапат „Ник Слотерс дотерс“, „Д Чикс“, „Анета Џорџ енсембл“, „Вивид“, Ина со „Тринити стрингс“ и Катерина Чедомирски, Мелани Дигит, Ели Раста грл со Тејка, како и групата „Ројал Алберт хол“, чии членки, како што се вели во најавата, ќе засвират заедно за првпат по 30 години пауза. Фестивалот почнува во 20 часот.