Во мај светската рекордерка, Пола Редклиф, беше сведок на уште еден рекорд, а тоа беше бројот на учесници на „Визер – Скопскиот маратон“. Околу 10.000 луѓе одлучија да излезат на патеката на денот на трката. Одличната организација на настанот од страна на Сојуз на спортовите на град Скопје направи љубителите на спортот со нетрпение да го очекуваат новиот предизвик, кој ќе се одржи на 5 мај 2019 година.
„Визер – Скопски маратон“ константно успева во една од своите клучни мисии да го промовира и поттикне здравиот начин на живеење во Македонија. Поради големиот интерес, тимот на ‘Визер – Скопски маратон’ го отвора пријавувањето денес, петок, 21. 9. 2018, во 10 часот. Тоа ќе се одвива во неколку фази.
Оваа година повторно има интересни изненадувања за тие што ќе се пријават во првите три дена (21, 22 и 23. 9. 2018), па ,така, тие ќе ја имаат можноста да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите што ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.
За повеќе информации може да ја посетите официјалната веб-страница на „Визер – Скопски маратон“: http://skopskimaraton.com.mk