Од 30 март до 1 април ќе се одржи 17. издание на Моден викенд Скопје, овој пат под слоганот What feeds your imagination?
Заштитно лице на новата кампања е Мануела Гочевска од модната агенција „Подиум“. Фотографиите и видеото од снимањето што се одржа во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ги направи Марина Трајковска.
„Бевме водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да ги видите пролетните колекции и тоа токму во библиотеката. Модата се смета за еден од најголемите визуелни феномени веќе со децении и она што одамна ги помести границите меѓу уметноста, литературата, архитектурата и формите. Резултат на интеракцијата меѓу модата и уметноста е имагинацијата. Преку модните креации сакаме да ги прочитаме, ослободиме и да предизвикаме имагинации и визуелна култура кај сите модни вљубеници“, велат организаторите.