Mинатогодишниот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, ќе биде специјален гостин на концертот на Марија Шерифовиќ во Скопје.
„Периодов работам на повеќе проекти и речиси немам слободно време. Планирав со пријателите да одам на концертот, но откако ми кажаа дека Марија сака да ѝ бидам специјален гостин, плановите се сменија. На концертот ќе ја отпеам мојата прва песна „Добро јутро тајно“, но и неколку македонски евергрини“, рече Ристе за „Репортер.
Тој ги покани сите што сакаат добра забава да дојдат на 17 март во ВИП арена.
„Заедно да уживаме во уште еден спектакуларен концерт на Марија Шерофовиќ и Прагма продукција“, додаде тој.
Марија, заедно со Јелена Карлеуша, беа најголеми поддржувачи на Ристе кога се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Тие во медиумите не штедеа пофалби на негова сметка, па оттаму ова гостување.