Српската ѕвезда Сека Алексиќ пред два дена на својот фејсбук профил напиша дека нема да гостува во Скопје, во кафулто „Дежа Ву“. Таа во својот статус напиша дека имала проблем со организаторите. Од таму пак велат дека тоа било само маркетиншки трик во договор со српската пеачка. Од „Дежа Ву“ велат дека Сека сепак ќе пее во кафулето и најавува вистинска предновогодишна журка.