„Џипси кингс„ вчеравечер за прв пат настапи во Скопје, во ВИП Арената. Публиката нестрпливо ги чекаше да настапат „циганските кралеви“, кои на сцената се појавија дури во 23 часот. Пред нив настапија “Баклава”и “Чалгија саунд систем” како предгрупи. Формацијата на Пако и Микаел Баилардо, го оправда чекањето. Страста на шпанското фламенко, зардаи кое се познати веќе 41 година, испрепелтено со мелодијата на гитарата, но и вокалот од кој се слуша циганската тага, беа сосема доволно да ужива публикта. Безвременските хитови на „Џипсите“ како „Bem, Bem Maria“ и ” Djobi Djoba” ја фрлија во транс публикта, која пееше со нив. Организатори на фестивалот беа „Авалон“.