Цеца во Охрид

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ на 28 јули ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Организатор на концертот е „Балкан медиа“. Оттаму велат дека набрзо ќе ги откријат сите детали поврзани со гостувањето на Цеца во Македонија.

Популарната пејачка често гостува во Македонија. Таа настапувала и во Охрид, а имаше и неколку големи концерти во Скопје, меѓу кои и концертот на преполниот Градски стадион.

Scroll to Top