Црвена јабука и Жаре Бербер на „Самун ем татлија“

Од 12 до 14 октомври во Радовиш ќе се одржи традиционалната манифестација „Самун ем татлија“. Настанот ќе почне во петок (12 октомври) во 17 часот со промоција на најголемиот самун (5 метри) и најголемата татлија (2 метри). Во сабота (13 октомври) во 13 часот ќе се одржи натпревар во брзо јадење самун. На тридневната манифестација ќе настапат бројни музичари, меѓу кои и Црвена јабука, Куку леле, Жаре Бербер, Тропико бенд, Кристина Арнаудова, Александар Тарабунов, Синтезис и други.  Тридневниот фестивал „Самун ем татлија“ ќе се одржува на паркингот „Орел“.

Scroll to Top