По 20 години „Нокаут“ ќе одржат концерт во СРЦ „Кале“, на местото каде што го одржаа првиот голем концерт. И овој пат концертот е во организација на „Авалон продукција“. Концертот е закажан за 27 октомври. Сите детали за влезниците ќе бидат објавени на 21 мај.
Истовремено, групата го објави и најновиот сингл, „Што бараш во моја песна“. Песната е најава за новиот албум на „Нокаут“.