На 17 март гитаристот Влатко Стефановски ќе одржи концерт на кој првпат пред македонската публика ќе биде претставен материјалот од својот 33. албум со наслов „Мајчин јазик“. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера и веднаш по издавањето доби неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.
Концертот ќе биде заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.
Специјални гости ќе му бидат балканската етнодива Билја Крстиќ и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје.