Посетителите на “Д Фестивал” под отворено небо уживаа со македонската рок група “Архангел”. Во еден глас, ги пееа легендарните песни.
“Архангел” настапуваат втора година по ред, а годинава, како пред група на британското трио “Дисајплс”, кои настапија на главната бина.
Камперите во Дојран задоволни од програмата на “Пасворд” продукција, велат дека има за секого по нешто. Според нив, вакви фестивали треба почесто да се организираат и недостасуваат.
К.Ландов