„Волшебниот компас“ од Сашо Огненовски преведена на српски јазик

Неодамна од печат излезе српскиот превод на книгата со детски пиеси „Волшебниот компас“ (Чаробни компас) од Сашо Огненовски. Во книгата се наоѓаат пет детски пиеси: Новогодишни забуни, Новогодишна вртелешка, Обична бајка, Новогодишен споменар и Волшебниот компас. Ова е прв превод на неговите пиеси на српски јазик. Промоцијата на српскиот превод е планирана за почетокот на април во Белград.

Пиесите на Огненовски, кој е актер и писател, изминативе години беа поставувани на сцената на Битолскиот театар, а беа изведувани и како независни проекти. Македонската верзија е издадена во две книги во 2002 и 2011 година. Огненовски досега издал три книги поезија, две пиеси за возрасни и две книги пиеси за деца.

Scroll to Top