На саем во Кувајт е претставен новиот авион на три ката со кој може да летаат 755 патници

На саем во Кувајт беше претставен новиот авион AWWA Sky Whale, дизајн на Оскар Виналс. Станува збор за авион кој треба да ја претставува иднината на воздушниот транспорт. Овој авион е на три ката и со него може да патуваат максимум 755 патници.

Со технолошките решенија направен е да биде поеколошки, поефикасен и да нуди максимални перформанси. За негово производство користена е најсовремена технологија, од типот на легури, композити од керамика или влакна.

Користени се и јаглеродни наноцевки, оптички кабли, самозаздравувачка кожа, хибридни електрични мотори, активни крила, двојни трупови, прозорци со VR технологија и прилагодлива непроѕирност и способност за собирање на електрична енергија преку соларни ќелии на таванот.

Крилата се подолги во однос на оние кои ги имаат конвенционалните авиони. Ексцентричната турбина во крилото блиску до трупот може да го насочи ламинарниот проток на воздух и турбуленциите додека генерира електрична енергија за електричните хибридни мотори.

Иновативниот хибриден турбо-електричен погонски систем е возможен со очекуваниот развој на технологијата за батерии. Ако јадрото на моторот беше исклучено, моторите на авионот може да користат енергија за да го активираат турбовенот покрај бензин за напојување на јадрото.

Моторите може да се поместуваат до 45 степени вертикално и дополнително да помогнат при полетување и слетување. Со тоа би се намалила должината на пистата потребна за полетување.

Систем „fly-by-wire“ и авионска опрема би се користеле за контрола на сè, а помошта би била обезбедена од активните сензори распоредени по површината на авионот.

Од безбедносни причини, крилата на авионот се направени и позиционирани одвоено од трупот, а содржат и интегрирани мотори. Доколку дојде до принудно слетување, патничкиот простор ќе се одвои и ќе претрпи мала штета.

Концептот е долг 76,8 метри, може да достигне брзина од 997 км/час и да прими до 755 патници.

Sky Whale во суштина е дизајниран како луксузен летечки хотел и има различни капацитети. Патниците би биле поделени на туристички, деловни и прва класа. Највисоката класа ќе вклучува покривни прозорци во таванот.

Побарувачката за поголеми патнички авиони опремени со најсовремена технологија е во пораст, па овој концепт еден ден би можел да стане реалност.

 

Scroll to Top