НАСА повторно го одложи лансирањето на ракетата

НАСА повторно го одложи лансирањето на новата ракета на Месечината. Следниот пробен лет ќе се случи најрано на 27 септември.

Лансирањето досега беше одложено двапати поради технички проблеми. Вториот долгоочекуван пробен лет на мисијата „Артгемис 1“, без екипаж на бродот, треба да го тестира Spece Launch Sistem во реални услови и капсулата „Орион“, каде во иднина ќе се наоѓаат астронаутите.

Лансирањето требаше да биде пресвртница во САД, која имаа намера да ги испратат повторно астронаутите на Месечината, првпат откако програмата на „Аполо“ заврши пред 50 години.

 

 

Scroll to Top