(Видео) Електричен автомобил се запалил на плац за отпад по три недели откога бил донесен

Електричен возило произведено од компанијата на Илон Маск „Тесла“ моделот S, се запалилo на плац за отпад за автомобили во Сакраменто, три недели откако било донесено.

Пожарникарите веднаш биле повикани да го изгаснат. Тие велат дека додека го гаселе пожарот, автомобилот неколку пати пламнувал и на крајот морале да ископаат дупка и да ја наполнат со вода. Тие таму го сместиле возилото и ја ставиле ситуацијата под контрола.

Пред да биде донесен на отпад, газдата на возилото имал сообраќајка.

За пожарите на електричните автомобили често се пишува, но тоа не значи дека тие често се запалуваат како дизелашите или бензинците. Едноставно се работи за тоа дека ги има се повеќе на патиштата, а самото гасење е поинакво поради супстанците кои ги содржат.

Електричните автомобили и нивните батерии почесто горат на повисоки температури од возилата со мотор со внатрешно согорување.

Scroll to Top