Аријана Гранде заработи двојно повеќе од Бијонсе нa „Коачелa“

Аријана Гранде, најголемата ѕвезда на годинашниот фестивал „Коачела“, заработи двапати повеќе пари од Бијонсе, која беше главна ѕвезда на музичкиот фестивал лани. 25-годишната Аријана од организаторите доби повеќе од 8 милиони долари, додека Бијонсе лани заработи четири милиони.

Музичките критичари ланскиот настап на Бијонсе нa „Коачелa“ го опишаа како еден од најзначајните од почетокот на одржувањето на фестивалот. Од овој концерт „Нетфликс“ сними документарец за познатата пејачка, а на филмот работеше и самата Бијонсе.

Иако организаторите не ги коментираа хонорарите, неколку американски медиуми напишаа дека Аријана заработила повеќе заради белата боја на кожата.

„Иако Бијонсе е една од најголемите светски ѕвезди, се уште постои расна дискриминација“, пишуваат тие.

„Коачела“ е еден од најпопуларните светски музички фестивали. Тој се одржува секој април од 1999 година, а трае неколку викенди. На фестивалот настапиле Мадона, „Еј-си/Ди-си“, Бијонсе, Пинк, Канје Вест, Лејди Гага, Еминем, „Рејдиохед“, Кендрик Ламар, „Ганс енд роузис“, „Мјуз“, Ели Гулдинг и многу други.

Scroll to Top