Џон Леџенд го нарече Доналд Трамп идиот

Џон Леџенд јавно го искритикува американскиот претседател Доналд Трамп и го нарече „идиот“. Пејачот ги коментираше „глупавите предлози на американскиот лидер“, алудирајќи на тоа дека Трамп препорача да се вбризгуваат средства за дезинфекција на пациентите со коронавирус.

„Не верувам дека може да постои некој што полошо ја води нацијата во ова време. Тоа е толку смешно. Просто не можам да поверувам во реалноста дека го избравме овој идиот да биде претседател на САД. Нештата кои тој ги кажува се смешно глупави, смешно себични и нарцисоидни“, вели пејачот во интервју за GQ Hype.

„Тој изнакажа еден куп смешни домашни лекови кои луѓето не треба да ги користат и мисли дека е брилијантен затоа што има роднина кој е доктор. Не ги слуша научниците и носи одлуки од лична корист. Тој не размислува многу за тоа како да се справи со големите, комплексни проблеми кои бараат планирање и долгорочна визија. Тој е токму спротивното од она што ни треба сега“, рече Леџенд.

Пејачот додаде и дека пандемијата ќе трае многу подолго во Америка поради некомпетентноста на претседателот, неговата себичност, кратковидост и неспособност да координира вистински национален одговор.

Scroll to Top