Џони Деп ја доби првата улога по судскиот процес кој го доби против неговата поранешна сопруга Амбер Хард. Проектот со наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција.
Се работи за филм на Нетфликс, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во филмското остварување ќе глумат и француската актерка Мајвен ле Беско во главната улога на Жана ди Бари – последната официјална љубовница на кралот, како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски.
Мајвен и ќе го режира филмот. Нетфликс го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Нетфликс не е вклучен во ништо друго.