Џони Деп доби прва улога по судскиот процес

Џони Деп ја доби првата улога по судскиот процес кој го доби против неговата поранешна сопруга Амбер Хард. Проектот со наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција.

Се работи за филм на Нетфликс, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во филмското остварување ќе глумат и француската актерка  Мајвен ле Беско во главната улога на Жана ди Бари – последната официјална љубовница на кралот, како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски.

Мајвен и ќе го режира филмот. Нетфликс го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Нетфликс не е вклучен во ништо друго.

Scroll to Top