Моделот Бела Хадид веќе еден месец е во тајна врска со Дјук Николсон, внукот на легендарниот актер Џек Николсон, тврди „Пејџ сикс“. Според нив, 24-годишната манекенка не сака уште да се појавува во јавноста со новото момче, кој, исто како и неговиот дедо, е актер.
Според извори на порталот, Дјук (20) ја испратил Бела на нејзиното „патување само за девојки“ оваа недела, кога го прослави 24. роденден. Тие се запознале додека актерот бил на патување во Њујорк и брзо потоа почнале да се гледаат.
Инаку, Дјук глумеше во трилерот „Ние“ (Us), на оскаровецот Џордан Пил, кој имаше премиера во кината во март 2019 година и доби позитивни критики и од публиката и од филмските критичари.