Холивудската актерка Џесика Алба пред четири месеци го роди третото дете. Наскоро ќе наполни 37 години и последниве неколку години не глуми, но и понатаму ја сметаат за една од жените со најголем стил во Холивуд.
Иако обожава лежерна облека, на црвениот килим и на свечените настани секогаш избира елегантни и модерни креации. Ова се некои од најголемите стилски моменти на Алба.