Хејли Хаселхоф со секси фотосесија ги охрабри жените со облини

Ќерката на славниот глумец Дејвид Хаселхоф, Хејли сними секси едиторијал за магазинот “Slink”. Таа позираше во долна облека, а како што вели, фотографиите сè со цел да се охрабрат жените да си го сакаат и почитуваат своето тело.

 

25 годишната Хејли Хаселхоф, ќерката на глумецот Дејвид Хаселхоф кој се прослави со улогата во серијата “Чувари на плажа”, е новото лице за најновиот број на магазинот “Slink”.

Ја сликаше познатиот фотограф Роберт Агилар . Фотосесијата била во луксузен хотел во Лондон, а Хејли позираше во секси долна облека од тантела. Едиторијалот добил многубројни пофалби.

“Навистина е важно да постои магазин кој работи на тоа да им дава самодоверба на жените, модата и облините. Насловната страница на која позирам во долна облека е навистина важен и храбар момент за мене”, вели Хејли.

Таа зборуваше и за нејзините несигурности за кои вели: “Сите ние имаме моменти кога сме несигурни за нашето тело, но мораме да го прифатиме и сакаме такво какво што е. Мораме да се сакаме себè си доколку сакаме да стигнеме до местото каде сакаме да бидеме утре”.

Scroll to Top